Премиера во “Центар за култура” – Битола! Незаменливиот Никола Тодороски со неговата најновата стенд/ап комедија “Опстанок”
Незаменливиот стендап комичар Никола Тодороски со голема турнеја низ Македонија со неговото најново годинешно стендап шоу, а стартот на турнејата го започнува на 17.03.2026 во Центар за култутра – Битола со почеток во 20 часот.
ПРЕМИЕРНО во Битола, ќе ја изведе неговата најнова стендап комедија “ОПСТАНОК”, комедија која искрено ќе ве насмее до солзи, бидејќи само со смеење и добро познат препознатлив хумор може подолго да опстоиме во овој денешен свет. Билетите се пуштени во продажба низ сите Димпо Тобака низ Битола, на билетарата во Центар за култура – Битола, како и електронски на официјалната страна од Центар за култура – Битола. Цената во претпродажба изнесува само 350 денари. Побрзајте, бидејќи како и минатите години – така и оваа, билетите ќе се потрошат за само неколку денови!
