Преку песна и безгрижна игра, денеска во ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп започна уште една нова, весела и разиграна школска година
Детската градинка „Наша иднина“ – Прилеп нуди квалитетна образовна едукација, зачинета со многу љубов, грижа и внимание од страна на вработените кон нашите најмили!!! Имено, денеска 01.09.2026 година започна уште една нова, образовна школска година во ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп, каде малите детски срца и слатките невини детски насмевки – го означија новиот почеток на уште една шкослка година.
Одењето во градинка е важен чекор за секое дете, но и за целото семејство. Детската градинка „Наша иднина“-Прилеп создава можности за поставување цврста основа за детското образовно патување, им обезбедува искуства на децата да растат и да се развиваат преку игра и интеракција, а исто така ги проширува и нивните знаења.
Градинките во Прилеп, денес се пријатно место за престој! Одлична можност, децата од предучилишна возраст да се дружат, социјализираат и развиваат благодарение на раководството на градинката со кое менаџира директорката Билјана Петкоска.
