Познат идентитетот на двајцата починати прилепчани во тешката сообраќајка на патот Прилеп – Градско
Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп.
Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, сопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци -информираа од СВР Велес.
