Пожарот во Кочани направи штета врз куќи и возила, а голем дел кочанчани побарале лекарска помош

Сподели го ова:




Пожарот што избувна на две локации во Кочани направи штета врз куќи, помошни објекти, оштети возила, а исто така пожарот оштети и едно противпожарно возило. Во болницата во Кочани од наши извори дознаваме дека околу десетина лица побарале лекарска помош како резултат на отежнато дишење-последица од чадот, меѓутоа за среќа нема тешко повредени. Во локализарањето на пожарите во Кочани е вклучено и самото месно население, а исто така како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на градот Кочани. Армијата на нашата земја е вклучена во гаснење на пожарите, која што во текот на ноќта ја следеше состојбата на терен.





Сподели го ова:

Слични објави