ПОВТОРНО ВО ПРИЛЕП: Серија од физички напади врз прилепски граѓани



Серија од физички напади врз прилепски граѓани e сликата за вчерашниот ден во градот под Mарковите Кули.
-На 17.09.2022 во 08:40 часот во ОВР-Прилеп, М.Т. (19) од Прилеп пријавил дека околу 03:00 часот во викендица во Прилеп бил физички нападнат од страна на Д.Р., Л.Т. и Т.К., и двајцата од Прилеп.
-На 17.09.2022 околу 13.30 чaсот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, од страна на полициски службеници од ОВР- Прилеп, лишено од слобода е лицето С.К.(42) од Прилеп затоа што претходно на автобуска постојка на улицата, физички ја нападнал Н.Ј.(37) од Прилеп. Веднаш, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-На 17.09.2022 во 18:20 часот во ОВР-Прилеп, В.Б.(40) од Прилеп пријавила дека во 18:00 часот во паркот на ул.„Стеван Апостолоски“ била физички нападната од Д.Р. од Прилеп, со кого самата таа се познавала од порано.
















