Повторно во Прилеп се зголемува бројот на заболени од Ковид 19

Сподели го ова:




Врз основа на последните податоци од Министерството за здравство, има нови 491 заболени од Ковид 19, од кои 15 се од Прилеп. Во однос на бројот на ново починати не е регистриран ниту еден прилепчанец. Инаку на територијата на цела наша земја починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486





Сподели го ова:

Слични објави