Потврден четвртиот случај на индискиот делта сој на корона вирус во земјава
Во наша земја потврден е четврти случај на индискиот делта сој на корона вирус. Кај овој четврти пациент е констатирана лесна клиничка слика, при што истиот тој е сместен и се лекува во велешката болница. Според здравствените власти, не се планираат мерки во однос на штитењето од делта сојот, но најдоцна до следната недела властите ќе излезат со конечен став.