Потврда за вакцинација нема да им треба на гостите во хотелите во нашата земја

Сподели го ова:




Потврда за вакцинација нема да им треба на гостите во хотелите во нашата земја.

„Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие лоши времиња…Затекнати сме, 16 август е на две недели од крајот на сезоната. Ваквите мерки влијаат психички кај гостите, некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица“-нагласи Блажески- првиот човек на ХОТАМ. Исто така Блажески укажа дека и понатаму ќе се почитуваат протоколите со постојана дезинфекција, не повеќе од четири лица на една маса, како и задолжително растојание во рестораните.





Сподели го ова:

Слични објави