Портокалова фаза во земјава

Сподели го ова:




И денеска нашава земја ќе биде под влијание на силен топол бран и со високи температури од алертна-портокалова фаза. Утринската температура денес ќе се движи од 14 до 23 степени, додека пак дневната од 30 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 9.

Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Исто така ќе дува слаб до умерен ветер кој ќе биде од северозападен правец. Во попладневните часови ќе има услови за една изолирана појава на ретки грмежи и краткотраен дожд.





Сподели го ова:

Слични објави