Порибување на акумулацијата „Стрежево“ со повеќе од 250 кг рибен подмладок – крап
ЈП „Стрежево“ успешно реализираше порибување на акумулацијата „Стрежево“, на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок – крап.
Активноста е спроведена согласно важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.
Рибата претставува најдиректен индикатор за квалитетот на водата, а со ваквите активности се придонесува кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.
