Поради дефект, голем дел од улиците во Крушево се без вода

Сподели го ова:




Во Крушево повторно прекин на водоводната мрежа, при што повеќе Крушевски улици останаа без вода. Врз основа на нашиот дописник од Крушево, станува збор за улиците: Томе Никле, Манчу Матак, Тодор Проески, Коча Миленку и Мише Ефтим. На терен уште од утринава работат екипи на ЈП “Комуна”-Крушево, кои прават конкретни напори за што побрзо отстранување на појавениот дефект, кој што без вода ги остави оние крушевчани кои што живеат на претходно наведените крушевски улици. Ако се оди според планот, се очекува овој дефект во најкраток временски период да биде целосно решен.





Сподели го ова:

Слични објави