Попишани пола милион граѓани

Сподели го ова:




Пописот веќе е на третина од предвидените 26 дена и се одвива мошне добро, со исклучок на оние технички проблеми кои што се појавија на почетокот, меѓутоа истите беа надминати со помош на апдејт на софтверот. Во однос на попишаните, најголем дел од нив 500 илјади граѓани се попишале во неделите на 12 септември – и тоа 111 186 лица и на 5 септември – вкупно 94.975 лица. ДЗС изјави дека сите нејаснотии и дилеми кои ги имаат во однос на процесот на попишување, граѓаните на нашата земја ќе можат да се обратат во Бирото за Попис, односно на телефонските броеви кои се објавени на popis2021.stat.gov.mk. Инаку пописот на населението, домаќинствата и становите ќе трае до 30 септември.





Сподели го ова:

Слични објави