Полицијата влезе во домот на 50 годишен крушевчанец! При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба се пронајдени и одземени 819 парчиња разновидни пиротехнички средства
На 29.12.2025 во 16:35 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода П.Р.(50) од Крушево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Прилеп, се пронајдени и одземени 819 парчиња разновидни пиротехнички средства.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информира МВР.
