Погледнете! Во Прилеп, над 300 дечиња го најавија Христовото раѓање
Во духот на Божиќ и вековната традиција, денес во Прилеп ги пречекавме Бадниковите поворки, носејќи ја пораката „Со Божиќната радост срца да стоплиме“! Градските улици беа исполнети со детски искрени насмевки и пораки за љубов, мир и заедништво, оние вредности што ја носат вистинската суштина на Божиќ и не обединуваат како народ.
Упатувам благодарност до Здружението „Бадникови поворки“, до сите организатори, поддржувачи и учесници, а најмногу до нашите најмлади, кои со својата чиста енергија и искреност го разубавија овој празничен ден. Вие сте најубавиот доказ дека традицијата живее и се пренесува на вистински начин, од срце, од поколение на поколение. Општина Прилеп секогаш ќе ги поддржува ваквите настани, затоа што тие не потсетуваат на значењето на љубовта и верата во нашите животи. Нека Божиќната радост донесе мир, топлина и среќа во секој дом. Ви ги честитам Божиќните празници и ви посакувам здравје, благосостојба и успех во новата година – порача прилепскиот градоначалник Дејна Проданоски, кој ги даруваше најмладите со Божикни пакетчиња.
