ПОГЛЕДНЕТЕ: Учениците од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” го обоија училишниот двор во боите на “среќното детство”
Учениците од прилeпските основни училишта, отсекогаш се издвојувале од останатите, по својата креативност и иновативност, при што така беше и овој пат. Имено, учениците од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” го обоија училишниот двор во боите на “среќното детство”.
На ваков начин, овие ученици изразувајќи ја сопствената детска креативност, го обоија дворот во ова приелпско училиште со различни цртежи кои го симболизирааt нивното детство каде што тие безгрижно растат, учат, пеат и смеат. Нема ништо поубаво од среќни, исполнети ученици кои растат во едно убаво, среќно детство. Нели?