Погледнете! ООУ “Климент Охридски”-Прилеп новата учебна година ќе ја започне со реновирани училници и модерни училишни кабинети

Сподели го ова:





























Повеќе од очигледно е дека учениците од ООУ „Климент Охридски“ ќе ја започнат новата учебна година во одлични услови за учење. Ова прилепско училиште, ги прави последните подготовки во пресрет на почетокот на новата учебна година.

Од она што можеше да го регистрира нашата информативна екипа, можеме да констатираме дека училниците и кабинетите во ООУ „Климент Охридски“ се целосно реновирани и претворени во модерни простории, се со цел учениците да уживаат додека учат и го совладуваат наставниот материјал во новата учебна година која е на самиот праг.

Ова училиште, веќе ги прави и последните подготовки со надеж за остварување на високи образовни резултати во новата 2025/2026 учебна година.




Сподели го ова:

Слични објави