Под слоганот „По Охрид“ во државава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Сподели го ова:




Со голем број на настани под слоганот „По Охрид“ во државава започнува одбележувањето на 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, договор врз основа на кој што беше ставен крај на конфликтот кој што се појави во 2001 година. Договорот беше потпишан точно на денешен ден, на 13 август во претседателската резиденција на Водно. Како потписници на овој договор беа Борис Трајковски-тогашниот претседател на државата, Љупчо Ѓеорѓиевски-поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот претседател на СДСМ-Бранко Црвенковски, претседателот на ПДП-Имер Имери и претседателот на ДПА-Арбен Џафери.При потпишувањето на овој договор свои потписи ставија и двајцата специјални претставници од ЕУ и САД-Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Централниот настан за одбележување на дваесет годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор е организиран во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк. Овој Централен настан ќе се одржи точно денеска во хотелот Александар Палас во Скопје, а поканети се повеќе од 200 гости. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците најави конференција со вкупно три панели, а исто така свои обраќања ќе имаат  претседателот на државава, премиерот и претседателот на Собранието, како и  лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според нашите информации на централната манифестација ќе присуствуваат и Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, амбасадори на САД, ЕУ, ОБСЕ, НАТО како и Пол Вилијамс, Питер Фејт, Бренда Пиерсон, Роберт Сери,  Давид Син, и Ветон Сурои.





Сподели го ова:

Слични објави