Почнува уписот на УКИМ-за идните студенти има слободни над 10 600 места

Сподели го ова:




Почнува уписот на УКИМ-за идните студенти има слободни над 10 600 места на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” –Скопје. Кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование можат да се пријават на првиот рок кој што е од 31 август и 1 септември 2021, додека пак оние кои што се рангираат врз основа на севкупниот успех од средното училиште и според проверка на знаења, рокот за пријавување е денеска и утре-27 август 2021. Оние кои што нема да успеат да се запишат во првит рок, вториот рок за пријавување ќе биде на 16 и 17 септември, додека пак третиот ќе биде на 28 септември 2021.

Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, редовните студенти ќе плаќаат школарина од 200 евра, додека пак редовните студенти кои ќе ги кофинансираат студиите како и оние кои што ќе се запишат во категоријата на вонредни студенти, надоместот е 400 евра/годишно.





Сподели го ова:

Слични објави