Почина прилепскиот уметник Драган Попоски-Дада на 88-годишна возраст

Сподели го ова:




На 88-годишна возраст почина доајенот на македонската современа скулптура, нашиот Драган Попоски-Дада., кој остави неизбришлива трага во уметноста. Неговото творештво беше суптилно, стилизирано. Дада како уметник имаше чувство за внимателното градење на односот на масите. Роден во Прилеп 1933 година, Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на ФЛУ во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска, САД. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство – Единбург, Херогејт, Копар, Трст, Франкфурт на Мајна, Ашафенбург, а учествувал на повеќе значајни групни претставувања во Белград, Прилеп, Скопје, Александрија, Загреб, Ферара, Трст, Јаши, Пиатра Неамц, Атина, Мурска Собота, Дубровник, Сараево, Љубљана, Брадфорд, Приштина, Ваљево, Рим, Панчево, Њујорк, Волос, Мелбурн…Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада е долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облици имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацијативност. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври“.Во Прилеп се поставени неколку негови дела :-спомен обележјето на Методија Андонов Ченто, „Жена борец”, во Плетвар споменикот на Б.Талески и Л.Филиповски….“Братство-единство”, некогашен релјеф пред Домот на ЈНА во Прилеп….





Сподели го ова:

Слични објави