Перканоска и Зисов во посета на првороденото жителче на Општина Крушево во 2026 година
РСБСП продолжува на терен, и тоа со посета на првородените деца во новата 2026 година. Имено, денеска Даниела Перканоска од РСБСП и претставникот од Општина Крушево, Никола Зисов, беа во посета на болница Плодност во Битола, каде на свет дојде првороденото жителче на Општина Крушево во оваа нова 2026 година.
“На мајката и новороденчето им посакавме многу здравје и бериќет во новата година. Нека Новата година и божиќните празници бидат потсетник дека „Секој живот е важен“ – со почитување на законските прописи и одговорно однесување во сообраќајот, секој поединец може да придонесе празничните денови да бидат исполнети со радост и среќа, а не со трагични последици” – порача од РСБСП.
