ПЕРКАНОСКА: Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој што културата во сообраќајот ќе има водечко место

Сподели го ова:























Станицата за технички преглед “Авто Контрол” – Прилеп по повод 11-ти мај – Денот на културата во сообраќајот, во соработка со сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп и МВР иницираше превентивна активност.

Вработените од “Авто Контрол”, во централното градско подрачје заедно со учениците и полицијата, на учесниците во сообраќајот им поделија подароци и флаери со едукативна содржина. Сето ова беше направено со една и единствена цел, а тоа е учесниците во сообраќајот да се потсетат на сообраќајните правила и на таков начин да поттикнат побезбеден и посмирен сообраќај, помал сообраќаен метеж, помалку настрадани лица на улиците и патиштата, како и помалку незгоди.

„Секое незнаење, некултура и непочитување има цена. Но, незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата во сообраќајот чинат изгубени човечки живот. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување на правилата. Важноста за почитување и применување на правила да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден.

Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој што културата во сообраќајот ќе има водечко место.

Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да придонесеме за безбедно учество во сообраќајот на денот на културата во сообраќајот и секој нареден ден,“ истакна генералниот менаџер на “Авто Контрол” Даниела Перканоска.



Сподели го ова:

Слични објави