Пендаровски му го честита извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски

Сподели го ова:




Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани. Пендаровски изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси, како на Дејан Георгиевски, така и на овој спорт во нашата држава и даде уверување дека секогаш македонските спортисти ќе ја имаат неговата поддршка.Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, што претставува историски најголем успех на македонски спортист постигнат на Олимписки игри од независноста на нашата држава





Сподели го ова:

Слични објави