Пеце Милевски со моќна порака до битолчани: Секое катче од Битола, секоја населба, секоја урбана и месна заедница, секоја улица се подеднакво важни
Претседателот на битолскиот ОК ВМРО ДПМНЕ – Пеце Милевски, битолскиот градоначалник Тони Коњановски и нивниот тим неуморно ја продолжуваат својата агенда на директни средби со битолчани, каде што граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општина Битола.
“Ние сме меѓу граѓаните, нашите најголеми сојузници. Секое катче од Битола, секоја населба, секоја урбана и месна заедница, секоја улица се подеднакво важни. Важен е секој збор на нашите битолчани, важна е секоја идеја, предлог, а најважно е ЗАЕДНО да ги согледуваме и да ги надминуваме предизвиците.
Вистинскиот избор!
Со твојот човек!
За твоето место!
За твојата иднина!” – порача претсдателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.
