Пецаков е новиот градоначалник на Охрид, кој што градот ќе го врати во вистинскиот сјај

Сподели го ова:




Пецаков е новиот градоначалник на Охрид, кој што градот ќе го врати во вистинскиот сјај. На Градскиот плоштад во Охрид вчера вечерта Пецаков се обрати пред своите сопартици и симпатизери. Пред сите нив тој вети дека нема да ги разочара, и дека уште од првиот ден на функцијата Градоначалник на Охрид ќе работи во интересот на сите граѓани, еве што тој истакна:

– Никогаш нема да ве разочарам. Поминавме две недели во кои оваа власт ни покажа зошто треба да замине. Хибридниот режим е поразен во цела Македонија. Се соочивме со многу притисоци за кои најдовме начин како да ги надминиме. Не потценија но ние работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Охрид и Македонија победија. Нема место во Охрид без разлика кој живее, сите ја дадоа поддршката и бескрајно сум Ви благодарен за тоа. Од првиот ден ќе работам за сите граѓани. Ние црната кампања ја оставивме настрана. Најдовме иновативен начин да ги претставиме идеите и проектите и покажавме дека Охрид е подготвен за нов систем за работа. Ќе имаме наскоро нова Влада предводена од новиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. И 17-ти и 31-ви октомври беа референдумско изјаснување на народот дали треба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да биде градоначалник, но и референдум и против најголемото зло во Македонија, а тоа е Зоран Заев. И покрај сите напори на многу луѓе да не успее ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, ние победивме. Победи народот на Охрид, победи обичниот народ, истакна Пецаков-новиот градоначалник на Охрид, кој што градот ќе го врати во вистинскиот сјај!





Сподели го ова:

Слични објави