Патријархот Порфириј: Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА

Сподели го ова:






























Од утрово, од 9 часот во Соборниот храм во Скопје се одржува заедничка утринска литургија на поглаварите на МПЦ и СПЦ. Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Скопје, упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на МПЦ – Охридска архиепископија, при што истакна дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот, во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да изготват, односно да разработат техничко-организациски детали, по што веднаш потоа, ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

“Благодарение на вашите молитви, воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква, едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА” -истакна српскиот патријарх Порфириј.




Сподели го ова:

Слични објави