Пациентот со трансплантирано срце успешно закрепнува по извршената операција

Сподели го ова:




Станува збор шестата трансплантација на срце во нашава земја-гледано од мај минатата 2020 година. Како што информиравме вчера, донор на срцето за направената трансплатација е млада пациентка кај која и била дијагностицирана мозочна смрт во вторникот на КАРИЛ, при што нејзиното семејство одлучило да ги донира нејзините органи. За моменталната ситуација кај пациентот кој се здоби со ново срце, на социјалните мрежи информира и Филипче, при што напиша : “Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики”.





Сподели го ова:

Слични објави