Овој петок, моштите на св.Климент ќе бидат изложени во црквата св.Петка во населба Точила
По повод празникот посветен на Св. Климент Охридски ( петок, 9 август) со голема радост и благослов ви соопштуваме дека за прв пат во храмот св.Петка во прилепската населба Точила ќе бидат изложени мошти на овој светител. Оваа светиња претставува несекојдневна можност за сите верници да се поклонат пред моштите на овој голем светец и учител.
Св. Климент Охридски е еден од најзначајните светители на нашата црква, познат по својата посветеност и големите заслуги во ширењето на христијанството и просветителството меѓу нашите предци. Неговите мошти ќе бидат изложени во храмот од 9 – 11 август и верниците ќе можат да дојат и да се поклонат секој ден од 07:00 до 18:00 часот.
Ги покануваме сите верници да одвојат мал дел од своето време да дојдат и да се помолат, да побараат благослов и духовно исполнување од св. Климент Охридски. Нека неговите застапнички молитви пред Божјиот престол ни донесат мир, здравје и напредок во сите наши дела.
Ве очекуваме со отворени срца и души.
