Овој четврток на Kамената бина во Прилеп! “The Doctors” со tribute to Michael Jackson
Четврток 23 јули во 21.00 ч на Камена бина
The Doctors
Добро познати на локалната сцена и пошироко со настапи во Прилеп, Битола и Скопје, бендот The Doctors изведува англиски рок, фанк и поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани и авторски песни, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок, фанк и поп музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.
Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток ќе свират трибјут на еден од најмаркантните и најпрепознатливите имиња на светската сцена – MICHAEL JACKSON!
Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21.00ч, а ваше е да дојдете и да уживате!
