Ова се нашите прилепски, хумани, спортски херои!
На вчерашниот хуманитарен фудбалски натпревар кој што се одржа во Скопје, на кој се собираа парични средства за Никола кој боледува од рак, играше и екипа од нашиот Прилеп која беше специјално формирана за овој хуманитарен настан.
Станува збор за следниве деветтооделенци од ООУ Блаже Конески – Прилеп и еден ученик од ООУ Добре Јованоски: Матеј Бунтески, Марко Димовски, Сергеј Гиноски, Филип Зографоски, Илин Ристески, Дамјан Талески, и истите беа единствените прилепчани кои учествуваа на овој спортски – хуманитарен настан.
Секоја чест за овие наши прилепски тинејџери, при што иако истите се мошне млади, сепак се одлучија на ваков хуман чекор.
