ОВА НЕ Е ШЕГА! Во Прилеп изградено е штало на самата улица, а фекалиите од шталото се испуштаат директно во Дабничкиот канал
Искрено, никој не можеше да ја претпостави, ниту пак да ја замисли сликата со која се сочија вработените од ЈКП Комуналец-Прилеп, при нивната акција во однос на чистењето на Дабничкиот канал. Имено, вработените од ова комунално претпријатие, извршувајќи ги нивните планирани дневни активности во однос на чистењето на дабничкиот канал во Прилеп, наидоа на штало кое е изградено на самата улица, а фекалиите од шталото се испуштаат директно во Дабничкиот канал.
И еден куриозитет од денешто чистење по Дабнички канал, наидовме на штало изградено на улица. Фекалиите се испуштаат во каналот. Освен што е загрозена животната средина, загрозена е и безбедноста во сообраќајот.-истакнаа од прилепски Комуналец во нивната објава на социјалните мрежи.
Во прилог следи галерија на слики, од моментално “најактуелното штало во светот!”
