Освен паралелката во Прилеп, во изолација се ставени и паралелки од Велес и Штип

Сподели го ова:




Како резултат на корона вирусот, од вчера во изолација покрај паралелката од Прилеп, се ставени во изолација и уште неколку паралелки од Велес и Штип, додека пак надлежните потенцираат дека за сега училиштата не спаѓаат во категоријата на ризик. Во последните денови можеме да констатираме дека бројот на новодијагностицираните е намален, а исто така мал е и бројот на оние  ученици кои што се заболени од корона. Министерот Филипче во однос на ова истакна:“Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90, рече Филипче”.





Сподели го ова:

Слични објави