Општина Прилеп бара воздушна поддршка за спасување од пожарите

Сподели го ова:




Општинскиот кризен штаб кој вечерва беше свикан повторно по иницијатива наградоначалникот Илија Јованоски, побара помош од централниот кризен штаб,општината да добие и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден засправување со огнената стихија.„Денеска повторно го свикав кризниот штаб поради влошената состојба натерен особено со пожарот кој се јави кај Смолани таму гори нискостеблесташума, а во опасност е боровата шума која може да биде зафатена и од тиепричини на денешниот кризен штаб се договоривме освен припадниците на ТППЕ и 30-мината припадници на Армијата, вработените во македонски шуми, активно да се вклучат и вработените од ЈКП “Водовод и канализација“ и “Комуналец“. Во исто време побаравме од централниот кризен штаб да имаме и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден и тоа на двата потегаТоплица – Ракле-Никодин и на потегот село Смолани, бидејќи тој еединствениот начин да се локализираат пожарите. Исто така, во текот наденешниот ден Министерството за внатрешни работи ги евакуира дветеинвалидизирани лица од Ракле и ги врати во своите домови, така штоопасноста од загрозување на човечкиот живот не постои, посочиградоначалникот Јованоски.Пожарот во делот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско елокализиран.





Сподели го ова:

Слични објави