Општина Крушево Ве поканува да се вклучите во еко-акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“ и со заеднички сили да придонесеме за почиста, поубава и поздрава животна средина
Почитувани сограѓани, претставници на бизнис секторот и граѓанските здруженија,
Општина Крушево Ве поканува да се вклучите во еко-акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“ и со заеднички сили да придонесеме за почиста, поубава и поздрава животна средина.
Под мотото „Да се извалкаме и да исчистиме“, и оваа година активно се приклучуваме кон националната акција за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. „Генералка викенд“ прерасна во симбол на заедништво и грижа за природата, покажувајќи дека секој од нас може да придонесе за подобра иднина.
Акцијата ќе се одржи на 11.05.2026 година (понеделник), со почеток во 09:30 часот.
Ги повикуваме сите граѓани, институции, здруженија, компании и млади луѓе да ни се придружат и заедно да испратиме порака дека Крушево се грижи за својата околина.
Ве очекуваме во што поголем број!
