Опаѓа ли интересот за вакцинација против Ковид 19 ??

Сподели го ова:




Оние што планираа да се вакцинираат против Ковид 19, тоа го направија до средината на ова лето, а најголемиот дел од оние кои се вакцинираа после тоа-тоа го направија како резултат на новите мерки од Министерството за здравство, при што истите се вакцинираа за да се стекнат со Сертификат кој му беше потребен за влез во молови и угостителски објекти. Меѓутоа, врз основа на последните податоци од Министерството за здравство, може да се забележи дека интересот за вакцинација веќе почнува да се намалува, споредбено со минатите  денови. Дали ова значи дека за брзо бројот на нови лица за вакцинација драстично ќе опадне? Во ваков случај вакцинирани ќе бидат сите оние кои што уште од почетокот планирале да се вакцинираат, а во оваа група ќе влезат и оние кои што мораа да се вакцинираат за да влезат во моловите и угостителските објекти. Дали ова значи дека Министерството за здрваство и Владата, ќе треба повторно да донесат нови мерки и нови забрани за да повторно го зголемат процентот на ново вакцинирани?? Како што објави нашиот објективен информативен портал во претходните објави, Претседателот на САД- Бајден ги објави новите мерки врз основа на кои што во САД за да се работи во една компанија, ќе биде потребна задолжителна вакцинација на сите вработени или негативен ковид тест за вработените-а ваквите мерки се однесуваат за компаниите кои имаат над 100 вработени.





Сподели го ова:

Слични објави