ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево: Денес на Крушево му требаат луѓе што градат, а не луѓе што рушат
ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево денeска излезе со соопштение до јавноста во кое се вели:
“Одлуката на советникот Исмаил Ахмеди произлезе од неговото убедување дека функцијата советник не треба да служи за политички пресметки, туку за носење одлуки што се во интерес на граѓаните.
Кога ќе процените дека соработката и поддршката на проекти се подобар пат за развој на Крушево отколку постојаната конфронтација, тогаш таквата одлука е прашање на одговорност, а не на партиска припадност.
Да се биде советник значи да се работи во интерес на граѓаните, а не да се биде заложник на партиски директиви.
Наместо блокади, конфликти и деструктивно однесување, тој избра да биде дел од процесите што носат резултати за Крушево. Тоа е одговорност кон сите граѓани, без разлика за кого гласале.
Обидите ова да се претстави како „продажба“ се само политички напади без аргументи. Работниот ангажман е законски, транспарентен и не е никаква награда за политички став, туку можност човек да придонесува со својот труд, како и секој друг граѓанин што ги исполнува условите.
Денес на Крушево му требаат луѓе што градат, а не луѓе што рушат. Изборот е јасен, работа, развој и проекти во интерес на сите, наместо партиски пресметки и деструктивна политика” – известуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.
