ОФИЦИЈАЛНО: На 10-ти Октомври ќе има импровизиран напад на градот, а свој настап ќе има и воениот оркестар на нашата земја

Сподели го ова:




За сите оние наши читатели кои што се обратија до нашиот информативен тим во однос на тоа дали ќе има оваа година импровизиран напад на градот по повод 11-ти Октомври, “stanica.mk” официјално соопштувa дека во официјалната програма по повод одбележувањето на овој државен празник во Општина Прилеп е предвиден импровизиран напад на градот кој ќе започне на 10-ти Октомври во 19 часот, а пред импровизираниот напад на Прилеп, свој настап ќе има и воениот оркестар на Армијата на нашата земја, и истиот ќе започне во 18:40 минути. По повод 11-ти Октомври во Прилеп е најавена посета и на општински, владини и државни претставници. На 11 октомври 1941 година во Прилеп,со нападот на Участакот,започна вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор за негово национално ослободување и самостојност. “Могилата на непобедените”, како еден од најмонументалните споменици во кој се погребани посмртните останки на повеќе од 650 борци од овој крај претставува значајно сведоштво за масовното и пожртвувано учество на луѓето од овој крај во ослободителната војна.





Сподели го ова:

Слични објави