Одложен почетокот на учебната година во Прилепската гимназија со физичко присуство

Сподели го ова:


Прилепската гимназија “Мирче Ацев” моментално подлежи на темелна реконструкција, меѓутоа еден тендер направи проблем врз основа на кој што ќе се одложи стартот на учебната година, па како резултат на сето ова наставата за околу 800 прилепски гимназијалци ќе започне “on line”. Врз основа на темелната реконструкција на прилепската гимназија од страна на министерството е распишан тендер во вредност од околу 400.000 евра, при што на овој тендер биле пријавени повеќе фирми, а во март бил избран најповолен понудувач кој што веднашп уште во март требало да отпочне со работа. Меѓутоа, проблемот настанува кога една од фирмите која се пријавила на тендер повела т.н. постапка за правна расврска заради сомнеж во однос на изборот на најповолен понудувач. Оваа постапка за правна разврска траела до почетокот на овој месец, односно еден месец пред самиот старт на учебната година. Меѓутоа како и да е, гимназијалците од Прилепската гимназија ќе започнат со  “on line настава”, за што дозвола имаат добиено од страна на надлежното министерство во рок од 60 дена, меѓутоа се поставува прашањето-што после овие 60 дена, бидејќи договорот за завршување на градежните работи е до крајот на оваа календарска 2021 година.

Сликата за оваа објава е превземена од gimprilep.edu.mk





Сподели го ова:

Слични објави