Одлично реализиран вториот „Отворен ден за граѓаните во Општина Прилеп“

Сподели го ова:






























Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, заменик градоначалникот на Општина Прилеп Ирена Стерјовска и пратеникот Петар Ристески, како и голем дел од општинската администрација, советниците и раководителите, беа присутни во големата општинска сала каде од прилепските граѓани слушнаа одлични конструктивни идеи и предлози.

“Максимално транспарентно и одговорно, онака како што ветивме пред прилепчани, како Локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работиме во интерес на народот и заедно со народот. Со идеите кои што произлегуваат директно од нив, заедно го креираме општинскиот буџет за 2023 година како и сите проекти кои што можеме да ги реализираме со цел да го подобриме животот за сите наши сограѓани во општина Прилеп. За сите кои што не успеаа да не посетат овој, се гледаме наредниот викенд. Бидете дел од промените кои што носат подобра иднина! Продолжуваме максимално посветено за поубав Прилеп!” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави