|

Одлично финале на меѓународниот фудбалски “Еден на еден – Могила куп 2023”

Сподели го ова:























Честитки за организацијата до фудбалската школа Еден На Еден Могила, заедно со луѓето кои беа вклучени во организацијата, ЈКП Пела Хигиена Могила со целосна подршка од Општина Могила, кои што интензивно се подготвуваа неколку месеци за се ова прекрасно да изгледа.

Како градоначалник давам целосна поддршка за овој настан, ќе се потрудиме истиот да прерасне во долгогодишна традиција. Ќе вложуваме во спортот за младите да останат на патеките на кои тргнале од најрана возраст. Пред се да се реализираат како здрави личности, а потоа како професионални спортисти. Пофалните зборови и честитики за организацијата од страна на учесниците и присутните од многу градови низ Македонија од Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Струга и Штип ни даваат мотив за наредната година да бидиме уште подобри и да даваме поддршка како локална власт.Се потрудивме да ги обезбедиме сите услови за да ја претставиме општина Могила во најдобро светло. Могила и регионот пулсираше во ритамот на Еден на еден Могила куп. 72 екипи се натпреварува на овој турнир, над 1000 деца учествуваа, над 150 натпревари се одиграа овие три дена.

Честитки до шампионите во сите возрасни категории. Им ги честитам освоените места на учесниците и на нивните тренери и им посакувам многу успех во иднина. Спортски поздрав и се гледаме следната година!” – истакна градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски.



Сподели го ова:

Слични објави