Одбележан патрониот празник на ООУ „Страшо Пинџур“ – Мало Коњари
Денес свечено беше одбележан патрониот празник на ООУ „Страшо Пинџур“ во населеното место Мало Коњари. По тој повод, учениците и наставниот кадар приредија пригодна програма, со која ја одбележаа важноста на овој ден и ја изразија својата почит кон патронот на училиштето.
Делегацијата од Општина Прилеп ја предводеше Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, која заедно со присутните им честиташе на учениците и наставниците, истакнувајќи ја посветеноста кон образованието и важноста на младите генерации за иднината на нашата општина.
















