Од утре започнува закажувањето за вакцинирање во домашни услови

Сподели го ова:


Како што објави министерот за здравство Филипче, од утре започнува закажувањето за вакцинирање во домашни услови. “Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови. Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови. Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.Медицинските екипи се подготвени да одговорат на потребите на сите граѓани”– напиша Филипче на неговата официјална Facebook страна





Сподели го ова:

Слични објави