Од утре започнува учебната година во прилепските училишта со нови здравствени правила и протоколи

Сподели го ова:




Заклучно со денес ќе завршат финалните подготовки за новата школска година со цел успешен старт на истата, која согласно одлука на Владата, а на предлог на МОН и на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе започне на 1 септември со настава со физичко присуство на учениците. Оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да се обезбеди квалитетна настава за учениците и при тоа да се заштити нивното здравје, а со тоа и да се придонесе кон заштита на јавното здравје. За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница. Така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој. Планот и протоколите за прилепските училишта се добро конципирани и навремено доставени до раководствата, за да се преземат сите неопходни мерки за безбедна настава и за намалување на ризикот од можноста училиштата да станат трансмитери на заразата.





Сподели го ова:

Слични објави