Од превенција до терапија: Прилепската болница во борба против зависностите од коцкање
Сподели го ова:
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп ја информира јавноста дека во рамките на Невропсихијатриското одделение и Кабинетот за медицинска психологија функционира Советувалиште за зависност од коцкање, игри на среќа и интернет.
Станува збор за една од ретките вакви форми на стручна поддршка во државата и во регионот, воспоставена по примерот на Психијатриската клиника „Јанкомир“ од Загреб.
Советувалиштето е отворено пред две години и во него, во услови на целосна дискреција, се спроведува кратка динамичка терапија со лица кои се соочуваат со последици од зависничко однесување поврзано со коцкање, игри на среќа и интернет.
Според искуствата од работата на стручниот тим, оваа појава е сериозен предизвик и на локално ниво, при што се засегнати лица од различна возраст и социјална структура. Токму затоа, покрај третманот, особено внимание се посветува на превенцијата, раната детекција и едукацијата.
Во рамките на редовните активности, Советувалиштето во соработка со средните училишта реализира превентивни едукативни работилници и обуки за волонтери од редовите на учениците и наставниот кадар.
Една од ваквите активности беше реализирана во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, училиште кое образува и медицински кадар. Во реализацијата на работилницата учествуваа Јован Велески и котерапевтот Петре Стеваноски, во соработка со психологот и педагогот од училиштето.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп упатува апел до граѓаните навремено да побараат стручна помош при појава на проблеми поврзани со зависност од коцкање, игри на среќа и интернет, имајќи предвид дека навремената интервенција значително ги подобрува можностите за надминување на проблемот.
Термини за работа на Советувалиштето
Советувалиштето работи секој вторник и среда од 15:30 часот, во амбулантата на Невропсихијатриското одделение, со целосна дискреција.
Закажување преглед
За закажување преглед, граѓаните можат да се јават на телефон: 078 243 501
На 27.08.2024 во 21.05 часот било пријавено дека во обложувалница во Струга, едно лице одзело пари од вработената, која во обид да го спречи паднала и се здобила со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информира МВР.
Не се работи дали треба да биде порано или покасно протестот. Јас ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат разочарани од сите политики изминативе години, што гледаат што се случува. Нека дојдат сите граѓани, да види колку е народот незадоволен од власта, да се покаже потребата од предвремени избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски…
Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава.Со новогодишни пакетчиња од Витаминка и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата од…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено…
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела…
Денеска на вториот ден од Велигден, рано утрово почина Папата Франциск. Тој беше врховниот поглавар на Римокатоличката црква. Неговата здравствена состојба долго беше мошне кревка, а во март оваа година тој успешно се избори со тешка пневмонија. Папата Франциск почина на 88-годишна возраст.