Од понеделник трета доза за здравствените работници, лицата над 60 години и хронично болните

Сподели го ова:




Имајќи ги предвид искуствата од другите земји и податоците од различните научни студии, а во насока на зачувување на јавното здравје, Комитетот за имунизација донесе нови препораки за трета доза на вакцина од производителот „Фајзер-Бионтек“ за сите граѓани над 60 годишна возраст, за здравствените работници и за граѓаните со имунокомпромитирана состојба, исто така без разлика на возраста. Имунизацијата ќе започне од понеделник и ќе се спроведува само со Фајзер и истата засега ќе ја примаат само одредени категории на граѓани. Третата доза на вакцини ќе се спроведува со вакцини од производителот „Фајзер“ без разлика на која вакцина одредената категорија на граѓани претходно ја имаат примено. Оваа препорака ќе важи и за граѓаните кои прележале ковид, а се вакцинирани со две дози.





Сподели го ова:

Слични објави