Од месец јуни “Веселите Ѕвончиња” ја започнуваат големата турнеја низ Македонија
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, и оваа година ќе настапи со своите детски музички ѕвезди низ градовите од нашата земја. Турнејата започнува од месец јуни и ќе трае до крајот на годината. Ова лето ќе настапат во повеќе градови низ Македонија како што се Охрид, Битола, Скопје…
Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец април 2027 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.
Прилепски, детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал каде што се создаваат весели, детски-музички спомени.
