Од денеска започнува пописот-Колку нашата земја е подготвена да ја изврши оваа статистичка операција?

Сподели го ова:




Точно од денес-05.09.2021 од 08 часот утринава започна пописот на населението, домаќинствата и становите во вкупно 50 пописни региони. Станува збор за статистичка операција која што ќе трае се до 30 Септември оваа година, а исто така до овој временски период ќе трае и т.н. online попис на дијаспората. Меѓутоа, дали нашата земја е подготвена да изврши ваква прецизна статистичка операција останува да видиме. Она што е интересно е фактот дека дури после 20 години во нашава земја се спроведува попис. Во однос на пандемијата со Ковид 19 надлежните истакнуваат дека оваа статистичка операција ќе биде безбедна со почитување на здравствените протоколи. Ако успее овој попис би се добило точна бројка во однос на населението и неговиот распоред, а исто така би се добила и прецизна слика за старосната,половата, економската и образовната структура на населението и сл.





Сподели го ова:

Слични објави