Од денеска за невакцираните забранет влез за во угостителски објекти и организирани настани

Сподели го ова:




Точно од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки врз основа на кои што при влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе биде потребно да се приложи потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена  или пак сертификат за примени вакцини. Врз основа на овие мерки, секој угостителски објект ќе мора да има редарска служба која ќе ја спроведува контролата во самиот објект, а освен ова се најавени засилени контроли кои ќе ги казнуваат гостите и сопствениците на угостителските објекти доколку не се почитуваат правилата. Најмалку 250 евра за секое невакцинирано лице кое ќе седи во угостителски објект или ќе биде затекнато на концерт. А доколку пак угостителските објекти не ги почитуваат новите владини мерки тогаш во таков случај ќе бидат казнети од  2.500 до 30.000 евра. Од страна на Државниот пазарен инспекторат нагласуваат дека тие не може да ги казнуваат граѓаните во оваа земја бидејќи тоа е работа на МВР, меѓутоа неимунизираните гости кои ќе бидат затекнаи во угостителскиот објект ќе одговараат кривично за постапување спротивно од законот за заштита на населението од заразни болести.





Сподели го ова:

Слични објави