Од денес надлежните мора да добијат писмена согласност од родителите за да биде извршено тестирање на 8200 ученици
Постои голема можност учениците во училиштата да бидат тестирани еднаш барем неделно, меѓутоа сето ова ќе биде во зависност од резултатите на скринингот во основните и средните училишта во нашата земја, скрининг кој што ќе започне во текот на идната недела. Меѓутоа за да се изврши тестирање на 8200 ученици, надлежните инситуции сепак ќе мора да имаат добиено писмена согласност од страна на родителите на учениците, согласности кои што се собираат веќе од денеска. Здравствените власти засега мирната епидемиолошка состојба ја објаснуваат со вакцинацијата која што дала конкретни резултати кои што се пресликуваат на епидемиолошката крива. Следен силен бран од заразени според надлежните-засега не се очекува.