Од Декември, најлонските кеси ќе се наплаќаат по неверојатни 15 денари за 1 кеса

Сподели го ова:




На вчерашната седница на Собранието беа усвоени повеќе закони како што се Законот за управување со отпадот, Законот за управување со дополнителни текови на отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овие закони ќе креираат бројните промени во нашата земја, па како резултат на тоа од 1 декември 2021 година пластичните ќеси по маркетите  ќе чинат 15 денари по парче. Ваквиот чекор ќе се направи се со цел да се дестимулира купувањето на ваквите најлонски производи кои што ја загадуваат околината. Меѓутоа,  во однос на средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе треба за истите да водат посебна евиденција по квартали, при што надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка која ќе гласи на органот за животна средина.Новина е и тоа што од почетокот на Декември оваа година, забрането ќе биде користење пластичното пакување за еднократна употреба во оние угостителските објекти кои што се наоѓаат во оние т.н. заштитени подрачја во земјава.





Сподели го ова:

Слични објави