Од 250 до 30.000 евра ако невакцинирано лице се затекне во угостителски објект

Сподели го ова:




Најмалку 250 евра за секое невакцинирано лице кое ќе седи во угостителски објект или ќе биде затекнато на концерт. А доколку пак угостителските објекти не ги почитуваат новите владини мерки тогаш во таков случај ќе бидат казнети од  2.500 до 30.000 евра. Од страна на Државниот пазарен инспекторат нагласуваат дека тие не може да ги казнуваат граѓаните во оваа земја бидејќи тоа е работа на МВР, меѓутоа неимунизираните гости кои ќе бидат затекнаи во угостителскиот објект ќе одговараат кривично за постапување спротивно од законот за заштита на населението од заразни болести.





Сподели го ова:

Слични објави